• Индивидуално кариерно советување

Преку индивидуалната средба-сесија на кариерно советување клиентите имаат можност да ја креираат и истражат својата лична визија за кариера, да креираат кариерни цели, да ги истражат своите интереси и вредности поврзани со работното место преку пополнување тестови и други алатки за саморефлексија. Процесот резултира со индивидуален кариерен план.

Индивидуалните сесии можат да бидат поврзани и со теми како на пример: задоволство од работното место, советување при кариерна транзиција/промена на работно место и сл.

    • Групни сесии за кариерно советување и информирање

Овој формат на групна работа, најчесто се користи за кариерно информирање, обуки на теми поврзани со кариерата и слични работилници кои на учесниците им овозможуваат да ги зајакнат своите капацитети за градење кариера.

    • Програми за кариерно планирање на вработени во компании

Во соработка со секторот човечки ресурси и менаџментот во компанијата се изработува и воведува концепт на кариерно планирање за вработените, како дел од системите за управување со таленти. Со него компаниите работат на полето на управување со таленти, долгорочно градејќи ги човечките капацитети на организациите.