Асоцијата на советници за кариера- АСК ги обединува советниците за кариера сертифицирани според GCDF програмата која во Македонија ја спроведуваат овластени GCDF тренери и ментори.

АСК е професионално/струково здружување на сертифицирани кариерни советници кои претходно имаат завршено обука која обезбедува компетенции според стандардите за професијата Кариерен советник и имаат валиден сертификат/потврда за учество на обука за Кариерен Советник. Член на АСК може да биде секој кариерен советник со интерес за активна работа кон остварување на целите за здружението, државјанин на Република Северна Македонија и/или странец, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Зачленувањето во АСК  се врши со пристапница и приложена копија од сертификат за Кариерен советник, кои се разгледуваат на седница на Управен одбор во поглед на нивната усогласеност со стандардите на професијата. Членувањето се потврдува со Одлука за прифатен интерес за членување во Асоцијацијата.

За активен член се смета членот кој има подмирено уплата за годишна членарина, која се плаќа најдоцна до 28.02 и важи за тековната календарска година, со што се регистрирани во официјалната листа на членови.