Асоцијата на советници за кариера- АСК ги обединува советниците за кариера сертифицирани според GCDF програмата која во Македонија ја спроведуваат овластени GCDF тренери и ментори.

Во АСК може да членуваат студенти и професионалци кои имаат интерес да се информираат и да придонесуваат кон развојот на професијата Кариерен советник и нејзината претпознатливост од сите релевантни институции во државата.

Членки на АСК се сите физички лица кои имаат уплатено членарина за тековните 12 месеци (од уплата до истек на 12 месеци) со што се регистрирани во официјалната листа на членови.