Во процесот на обука, кој трае 7 месеци, ќе поминете низ модулите за обука според Меѓународната програма за обука на советници за кариера:
Модул I – Теории за развој на кариера
Модул II – Вештини за комуникација и процес на пружање помош
Модул III – Процес на проценка во развојот на кариера
Модул IV – Процес на обука и програми за развој на кариера
Модул V – Одлучување, планирање и стратегии за барање на работа
Модул VI – Пазар на работна сила (информации за кариера и пазарот на труд)
Модул VII – Етички и правни прашања во водството за кариера
Тимот на обучувачи на АСК го сочинува интер-дисциплинарен тим од психолози, педагози, економисти и инженери – тренери со повеќе од 15 годишно искуство, како и искусни проектни менаџери во организациите и МЧР консултанти во компаниите (консултанти за менаџмент со човекови ресурси). Сите вклучени советници во улога на обучувачи и супервизори се сертифицирани советници за кариерно советување според GCDF (Global Career Development Facilitator) методологијата. Дел од нив работат со алатките на СДИ инвентар на личност (Strength Deployment Inventory), кој нуди можност за работа и како СДИ практичар.