Улогата на Советниците за кариера е од примарна важност за кариерна ориентација на лицата во образовниот систем и за лицата кои бараат вработување. Планирањето и раководењето со кариерата е важно и за вработените лица кои треба да ги следат условите и потребите на пазарот на труд, и во согласност со своите потенцијали и интереси, да работат на нејзино соодветно насочување и развој. Накратко, преку вклучувањето на Советниците за развој на кариера во институциите, добиваат сите: поединците – од најрана возраст планирање на максимално исполнет работен и животен век, а општеството – стручна, мотивирана работна сила која одговара на потребите на заедницата и го потпомага развојот на економијата.