Мисијата на АСК е советувањето за развојот на кариерата во Република Македонија да се постави на потребното стручно и практично ниво, со цел корисниците на услугите да добиваат релевантна поддршка во процесот на кариерното планирање и развој, како и подигање на свеста за важноста на истото. Професионалното кариерно советување од страна на нашите GCDF сертифицирани кариерни советници претставува помош и насока за развој на вистинските потенцијали на поединците и успех на организациите, со што се влијае и на економскиот развој во државата. Приоритетна цел на активностите на АСК е работа на обука на постоечките или вработување нови сертифицирани GCDF Советници за кариера во кариерните центри на институциите, каде всушност се вршат планирањето и изборите во врска со видот на образованието и кариерата. Како примарни целни групи за активностите на АСК се идентификувани основните, средните училишта и универзитетите, каде што стручната помош при изборот на професијата е од особена важност за учениците и студентите, но и за пошироката заедница. На овој начин, би се остварувала поблиска врска помеѓу афинитетите на поединците и потребите на заедницата од специфичен кадар и профил. Исто така, преку услугите кои би ги нудела АСК, во форма на обуки и работилници, дипломираните студентите би имале можност за подобрени вештини во процесот на вработување.
Услугите на АСК се сериозна поддршка на активностите кои веќе се применуваат на ова поле во текот на образовниот процес, преку стандардизирани програми за обука на лицата кои работат директно со учениците и студентите на полето на кариерниот развој. Исто, АСК работи и со советување на родителите во рамките на образовните институции, со цел вклучување на родителот како подршка во изборот на вистинската професија за детето, каде ќе може да го постигне својот вистински потенцијал.
Многу важна целна група за проектите на АСК се лицата кои бараат вработување, преку Агенцијата за вработување и нејзините центри низ републиката. Конкрентните проекти кои можат да се спроведат во насока на развој на вештини кои ќе ја помогнат вработливоста кај сегментот на невработени лица, повторно спаѓаат во доменот на услуги кои ги нуди АСК. Услугите на АСК се достапни и за искусни професионалци кои се наоѓаат во различни фази на кариерата, како на пример лице кое се наоѓа во кариерна транзиција или се соочува со предизвици на работното место.