Некои од придобивките од советувањето за равој на кариера:
- Кариерниот советник им ја дава потребната подршка и насока на учениците во текот на целиот образовен процес при планирањето на нивните кариери.
- Со вклучувањето на советникот се подобрува вработливоста на младите луѓе кои се на прагот на своите први професионални ангажмани, заради насоченоста кон она кое е најсоодветно и за нив, се зголемува и продуктивноста на истиот.
- Кариерниот советник им дава подршка на невработените и припадниците на ранливите целни групи во наоѓањето на можности за профисионален ангажман и вработување.
- Со својата стручност, кариерниот советник ги охрабрува вработените да работат на развојот на својата кариера и да го достигнат својот полн потенцијал.