Име на проект:  Дигитални алатки: за вклучување, за зајакнување, за поврзување

Со задоволство ви ги споделуваме резултатите и реализираните активности од првиот Еразмус + проект на АСК Скопје. Проектот именуван како Digital Tools: to Engage, to Empower, to Connect. 2021-2-CZ01-KA210-YOU-000048114, е дел од Erasmus + програмата и го спроведовме во партнерство со чешката организација Mission: Reconnect. Во рамки на 12 месеци, колку што траеше проектот, спроведовме онлајн исптажување, подготвивме извештај со клучните увиди, реализиравме 5 дневна обука за млади, младински работници, наставници и кариерни советници од Македонија и Чешка во Преров, одржавме 12 онлајн работилници за различни дигитални алатки и одржавме 3 фокус групи со кои дискутиравме за приближување на јазот меѓу младите и наставниците околу употребата на дигиталните алатки. Заследете го нашиот YouTube канал и искористете ја можноста да научите нови дигитални алтки кои ќе бидат поддршка во вашата работа или секојдневие.

https://www.youtube.com/channel/UC1AaQcyztMdwrRuyUuNjsDA

Повеќе за проектот дознајте на:

https://www.facebook.com/profile.php?id=100083559211237&mibextid=ZbWKwL


Име на проект:  Жива библиотека

Жива библиотека или во светот попозната како Human Library за првпат се појавува во Данска во 2000 година како начин за борба против предрасудите овозможувајќи им на луѓето да се сретнат и да разговараат со личности кои вообичаено никогаш не би имале можност да ги сретнат. Од тогаш, не само што прераснува во невладина организација туку станува и меѓународно движење со многу настани низ целиот свет отворајќи различни теми и рушејќи ги табуата.

АСК Скопје во периодот од март 2022 до декември 2022 година беше дел од проект поддржан од Вишеградски Фонд и во него учество земаа организации од Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Србија, Косово и Албанија и зема учество во низата активности.

На 23.06.2022, во Скопје, АСК го организираше својот прв интерактивен и едукативен настан „Жива библиотека“ каде преку презентацијата и директните разговори со „живите книги“, промовираме различни видови на активизам и професии. Нашето опкружување е многу богато и плодно и можеме да го запознаваме и истражуваме на разни начини. Со настанот поттикнуваме љубопитност и развиваме вештини за истражување и вмрежување, како едни од клучните вештини за да можеме да се охрабриме и се нурнеме во морето од бесконечни можности пред нас. Истовремено се дружевме, забавуваме и разменуваме идеи и искуства.

„Жива книга за природна козметика, нега и убавина“

„Жива книга за патот до практикантска работа„

„Жива книга за живот со церебрална парализа“

„Жива книга за развојот на општествената градина Бостание“

„Жива книга за филантропија“

„Жива книга со совети за нови почетоци“

 „Жива книга за гимнастика на коњ“

„Жива книга за женската истрајност“

„Жива книга за помош на жени и деца жртви на семејно насилство“

„Жива книга за гејмерски муабети од маалото“

Изборот на книгите е направен на начин да се привлечат различни генерации и возрасни групи, да се соочи со стереотипите, да понуди интересни нови можности за приклучување кон заедницата и да ги инспирира другите за тоа како секој може да помогне. Реакцијата беше многу позитивна и посетителите ги искажуваа своите лични искуства по сесиите со книгата по свој избор. Повеќето од посетителите беа заинтересирани да разговараат со книгите кои им носат нови сознанија, а тинејџерите меѓу посетителите конкретно бараа да разговараат со нашата книга за игри.

 Дознајте повеќе на:

https://www.expres.mk/zhiva-biblioteka-foto-galerija/


Име на проект:  Изработка на програма за кариерно советивање за наставници и ученици од средни училита во рамки на проект имплементиран од Младите Можат

Во текот на 2022 година стручен тим од АСК работеше на креирање на две пилот програми за:

– Програма за градење на капацитетите за кариерно советување на наставници и стручни соработници во средните училишта

– Програма за кариерно советување на ученици во средните училишта

Овие програми подоцна беа спроведени и тестирани на помала работна група на наставници и ученици од средни училишта од Скопје.

  

 


Име на проект:  За СекојАСК

Име на проектот: “Компетенции за кариерно советување во средните училишта финансиран од Град Скопје“ 

Целта на проектот За СекојАСК беше градење на капацитетите на организацијата преку личен и професионален развој на членовите и подигнување на нивото на специфични вештини на сертифицираните кариерни советници. Проектот е финасиран преку освено 3-то место на квизот „Преку квиз до грант“ во организација на Граѓански ресурсен центар.

За членовите на АСК Скопје беа одржани две обуки за:

– Обуката за дигитални вештини и маркетинг

– Обуката за користење на Points of You коучинг методологијата за комбинирање на алатки и техники во кариерното советување 


Име на проектот: “Компетенции за кариерно советување во средните училишта финансиран од Град Скопје“ втор дел

Во периодот од октомври – декември 2020 се реализираше проектот кој имаше за цел да им помогне на кариерните советници и нивните кариерни центри да се префрлат на онлајн. Во рамките на проектот на учесниците им беа споделени низа на дигитални алатки кои тие ќе можат да ги користат при работа во новите услови.


Име на проект: “Развој на компетенции за кариерно советување во средните училишта во Град Скопје”, проект финансиран од Град Скопје.

На 26-27 Јуни започна првиот дел од проектот со наслов “Развој на компетенции за кариерно советување во средните училишта во Град Скопје” кој опфаќа формирање и унапредување на работата на веќе воспоставени кариерни центри во средните училишта. Истиот се фокусира на создавање на компетенции и вештини на наставниците и стручните служби за работа со родители и ученици во делот на професионално ориентирање, проценка на способностите на учениците и избор на професија. Обуките се одржаа од 09 до 17 часот во просториите на Институтот за социолошки и политичко правни науки.Проектот вклучи обука за развој на вештини на наставници и поширок кадар во училиштето за работа со родители и ученици. Во проектот се вклучени 21 средни училишта, средни стручни училишта и гимназии.Очекувани резлутати од проектот и обуките кои ќе бидат одржани се да се изградат или подобрат вештините за кариерно советување кај учесниците, за позитивно вклучување на родителите во процесот на кариерното советување, креирање на оперативна програма на кариерните центри во училиштата за работа со ученици и родители, советодавни сесии со родителите и учениците. Од учесниците се очекува да развијат вештини за работа со млади на теми поврзани со изборот на нивната кариера, за вистинскиот потенцијал да биде искористен на вистинското место, со што се зголемува и продуктивноста а и самата вработливост на младата личност.

Овој проект ќе биде спроведен со финансиска поддршка од страна на Град Скопје, а самата обука ќе ја спроведат сертифицирани кариерни советници, според Меѓународната програма за сертификација на советници за кариера Global Career Development Facilitators (GCDF), членки на Асоцијација на советници за развој на кариера АСК.

I дел обука-Градење вештини и компетенции за кариерно советување во средните училишта во Град Скопје

II дел обука- Пазар на труд и работа со родители

– Работа со родители
– Етика во кариерното советување
– Пазар на труд
– Улога и активности на кариерниот центар во средните училишта


  • Име на проект: “Образование за Вработување во Македонија”, проект на Амбасадата на Швајцарија во Македонија

Период на спроведување: декември 2018 – јануари 2019

Целна група: невработени млади, особено ранливи групи


  • Име на проект: “Јакнење на капацитетите на тимот младински активисти вклучени во програмата Гаранција за млади”, финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Македонија

Период на спроведување: април – октомври 2018

Целна група: 24 млади теренски активисти од Скопје


  • Име на проект: “Зголемување на пазарната вработливост”

Период на спроведување: декември 2017 – мај 2018

Целна група: вработени во Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) и активисти на Нацинланиот младински совет на Македонија (НМСМ)


  • Име на проект: “Проект за социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади брачни парови во ризик преку мерки за генерирање приходи во Гази Баба, Скопје”

Период на спроведување: 2016-2017

Целна група: Стручни лица од СОС детско село кои работата со маргинализирани групи и групи под ризик


  • Име на проект: “Обучи се, добиј поддршка, вработи се”, финансиран од Европска унија

Период на спроведување: јуни-јули 2016

Целна група: 10 обучувачи за кариерно советување на маргинализирани групи


  • Име на проект: “Зголемување на пазарната вработливост”

Период на спроведување: 2015-2016

Целна група: наставници од средните стручни училишта за туризам и угостителство од Тетово, Крушево и Охрид


  • Име на проект: YES Network „Развивање на стандард за обука нанаставници за воведување на кариерно советување во средни училишта“

Период на спроведување: 2012-2016

Целна група: наставници и претставници од стручните служби во средни стручни училишта од цела Македонија